Mercedes-Benz – EQS

Занимливости

Полетува со хипер-екранот

Новата технологија е брилијантна и скапа

објавено 12. јануари 2021

Кога германските премиум марки прават нешто, тие го прават тоа правилно. И тоа важи и за претстојниот, целосно електричен предводник во гамата на Daimler седанот Mercedes-Benz EQS, кој ќе биде додаден во друштво на Ѕ-Class во сличен формат, но со многу пофутуристички дизајн и уникатен просторен концепт. Toa вклучува чиста сензационална табла наречена MBUX Hyperscreen.

Затворената стаклена површина се протега низ целата ширина на кабината, а под него се наоѓаат три екрани со LCD или OLED технологија. Што се однесува до дизајнот, Daimler направи огромен скок напред со хипер-екранот со што во сенка ја става внатрешноста на  луксузната Ѕ-Class. Едноставно, возачот и сопатникот го имаат чувството дека се на команден мост на вселенско летало. Совозачот има своја област со која може да се управува самостојно. Бројните нови функции вклучуваат предлози специфични за возачот кои се базираат на претходното однесување на корисникот, на пример со редовни повици или поставки. Daimler го реализира концептот „нула слој“. Повеќе не мора да одите во подлабоки нивоа на менито бидејќи често употребуваните команди директно се прикажуваат. Инаку, во EQS ќе биде можен и тродимензионален приказ на инструментите. Развојот и производството на хиперскрин кокпит е еден од најсложените проекти што се спроведуваат во внатрешноста на возило во последниве години. За тоа е неопходна ладна и топла композитна технологија, закривеното стакло е 141 сантиметри широко па бара посебен третман при монтирањето. Дури и ако хиперскринот првично ќе се користи во EQS, и тоа како опција, може да се претпостави дека тој во иднина ќе биде понуден и во други модели на електрифицираната серија EQ, на пример во претстојниот EQE или големото теренско возило со електричен погон.