Mercedes-Benz E All-Terrain – Амбициозен на сите подлоги

По седанот и караванот, Mercedes-Benz лансира трета верзија на E-Class

Доколку судиме по изгледот новиот член на семејството е верзија на караванската изведба со зголемено растојание од подлогата што во основа е точно. Но Mercedes-Benz се потруди да понуди не само шминкерски детаљи дериватот способен да направи излети вон асфалтот. Во споредба со претходната генерација, опременоста на моделот All-Terrain е значително пообемна.

Стандарден е погон на сите тркала 4MATIC,  воздушната суспензија Airmatic и програма за возење надвор од асфалтот. Дополнителни практични детали за возачко искуство надвор од патот го вклучуваат теренскиот приказ наречен „проѕирна хауба“ како дел од камерата од 360 степени. Елементите на теренскиот дизајн ги вклучуваат специјалните браници и хромираните детали на каросеријата. Независната решетка на ладилникот и облогата на лакот на тркалата во мат темно сива боја, исто така, го нагласуваат карактерот на возилото.

Како и клиентите од другите серии на модели, купувачите на E-Class All-Terrain ќе имаат корист од новата логика на понудата која ги вклучува често бараните пакети Avantgarde Advanced и Avantgarde Advanced Plus, како и Exclusive Premium и Exclusive Premium Plus. Во понудата се опфатени истите мотори како и кај останатите членови на семејството. All-Terrain во салоните ќе пристигне во првиот квартал на 2024 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER