Mercedes-Benz : e-Actros

Вести

Само за одредени пазари

Од септември Mercedes-Banz стартува со продажбата на електричниот Actros

објавено 01. јули 2021

Од концепт возило претставено на саемот за комерцијални возила 2016 година во Хановер до финален производ поминаа само пет години. Од септември на сцена ќе стапи електричниот Actros, наменет за доставни задачи. Во зависност од верзијата, e-Actros е опремен со три или четири пакувања на батерии со по 105 kWh. Максималниот капацитет од 420 kWh овозможува опсег на делување до 400 километри.

На трите пакувања на батерии им треба малку повеќе од еден час за да се полнат од 20 до 80 проценти на стандардна станица за брзо полнење DC со 400 ампери струја на полнење. Сериската верзија првично ќе биде достапна на пазари со голем потенцијал не само на користење, туку и на опслужување на електричните возила, првенствено мрежата за полнење. Тоа ќе бидат Германија, Австрија, Швајцарија, Италија, Шпанија, Франција, Холандија, Белгија, Велика Британија, Данска, Норвешка и Шведска.