Наместо мастадонтски, Mercedes нуди реден три литарски мотор со турбо полнач, засилен со благ хибриден систем

Намалувањето на цилиндрите и зафатнината е секојдневие во светот на автомобилите. Од оваа „мантра“ не се поштедени ниту ексклузивните верзии на штутгартската ѕвезда што ја носат ознаката AMG.  На ваква диета ставен е најновиот производ Mercedes CLE Coupe. Гордо ја носи ознаката 53, но тоа е само маркентишки трик. Наместо голем мотор со цилиндри развиени во V форма, на пазарот стига мотор со линиски шестак дотеран во трендовска шминка. Фризурата е засилена со подобрени комори за согорување, нови клипни прстени, оптимизирано вбризгување и нов турбополнач. Овој мотор работи заедно со интегрираниот стартер генератор од втората генерација и електричен систем од 48 волти кој може да додаде до 23 коњи 205 Nm вртежен момент. Таквото фризирање доведе до 449 КС и 600 Nm со функцијата Overboost. Моторот е поврзан со познатиот 9G Speedshift менувач на AMG преку кого се дистрибуира силата на сите тркала. CLE 53 Coupe спринтот од 0-100 км/ч го апсолвира за 4,2 секунди.  Максималната брзина од 250 км/ч е електронски ограничена, додека со адекватна доплата можете да полетате до 270 км/ч со опционалниот AMG Driver’s Packet. Сепак, тоа не се главните атрибути на  овој моќен автомобил. Тој нуди програми за возење Slippery, Comfort, Sport, Sport+ и Individual конфигурации што ги синхронизираат работењето на моторот, менувачот, потпиорањето и одговорот на воланот што се приспособуваат помеѓу различните режими. Mercedes-AMG исто така го инсталираше режимот Drift што силата ја префрла на погон на задните тркала! Многу поважно за секојдневна употреба е стандардното управување со задните тркала до 2,5 степени при брзини до 100 км/ч и до 0,7 степени паралелно со предните тркала при поголеми брзини. Исто така, има тристепено управување AMG и систем за суспензија AMG Ride Control дизајниран да ја подобри агилноста без да ја жртвува удобноста. Визуелно, AMG CLE 53  Coupe веднаш се издвојува од „цивилните“ варијанти со познатата предна решетка со поагресивен браник. Дизајнерите на Mercedes ги зголемија лаковите над тркала, предните за 58 мм, а задните за 75 мм, давајќи му многу поимпресивно присуство на патот. Тркалата се 19 инчни, а опционално се достапни и од 20 инчи. Промените продолжуваат одзади со ревидирани LED задни светла поврзани со темноцрвен елемент. Има и нови двојни издувни цевки, а клиентите исто така можат да го нарачаат автомобилот со пакет AMG Optics што додава поголем дифузер и спојлер. Д остапни се и два AMG Night пакети и AMG Carbon пакети. Во кабината е познат волан со рамно дно AMG Performance обвиткан во црна кожа и Алкантара. Има и многу јаглеродни влакна низ контролната табла, црвени контрастни шевови, прилагодени седишта со кожа и микрофибер, како и разни опции за кожа и Nappa кожа. Mercedes-AMG сè уште не објави кога CLE 53 Coupe ќе биде лансиран или колку ќе чини.  

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER