McLaren со нов акционер

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

McLaren со нов акционер

Сосема случајно, овој настан се поклопи со моментот кога McLaren објави дека го произвел 15-илјадитиот автомобил
Објавено на 30 мај 2018 година

Една трансакција го изненади автомобилскиот свет – канадски бизнисмен откупи 10 отсто од акциите на McLaren групата. Тој за нив плати сериозни 204 милиони фунти, кои на британската компанија ќе ѝ обезбедат помалку главоболки во реализирањето на амбициозните развојни планови. Станува збор за Мајкл Латифи кој е сосема непознат во авто-индустријата, но затоа неговиот син Николас е добро познат во спортските кругови како тест-возач на Force India. А бидејќи во состав на McLaren групата е и формула 1 тимот, оваа вест веднаш доби поинакво светло. Британците сепак тврдат дека тоа што Латифи сега е сериозен акционер не значи и дека купил местото за својот син во болидите на тимот кој мака мачи да врати барем дел од некогашната слава. Најголем акционер во McLaren и понатаму останува кралското семејство од Бахреин со 56 отсто, после кое следат TAG групата со 14 отсто и уште четири помали акционери кои заедно држат 20 отсто. Влегувањето на Латифи во сопственичката структура на McLaren е најзначајната промена од 2016-та година, кога нејзиниот основач Рон Денис практично беше набркан од другите сопственици.

McLaren групата важи за една од технички најнапредните компании на денешницата која обединува спортски активности, развој на нови технологии и производство на врвни автомобили. За жал, отсекогаш мака мачела со обезбедувањето доволно средства за стабилен долгорочен развој.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER