McLaren – Elva

Вести

Елва доби шофершајбна

Поради законски одредби и желба на некои купувачи

објавено 29. мај 2021

McLaren наскоро ќе започне со производство на верзија со шофершајбна на неговиот роудстер Elva. Наменета е за клиенти кои претпочитаат стаклена заштита од ветерот наместо Активниот систем за управување со воздухот (AAMS), како и за исполнување на локалните законски барања во некои држави на САД. Испораката започнува на крајот на годината. McLaren Elva нема ниту покрив, ниту страничен прозорец, ниту заден прозорец, што го доведува до тежина помала од 1.300 килограми. Верзијата со ветробранско стакло тежи околу 20 килограми повеќе но перформансите се непроменети! Централно поставениот четири литарски V8 мотор од 815 КС ја забрзува Elva од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди а до 200 за 6,8 секунди. McLaren ќе произведе вкупно 149 примероци според спецификациите на клиентите.