McLaren ја претстави отворената верзија на својот хибриден суперавтомобил Artura, кој има и ревидиран погонски агрегат.
Плус на тоа, од компанијата најавија дека низа други подобрувања што ги направиле при неговото конструирање ќе бидат применети и кај купето. Склопливиот тврд покрив направен од карбонски влакна и композитни материјали се задвижува со осум серво мотори, кои ќе го отворат за 11 секунди при брзини до 50 километри на час.
Неговиот механизам додаде 62 килограми, но британските инженери се горди што спајдерот има рекордно ниска тежина во сегментот. Опционално покривот може да биде опремен со електрохроматско стакло со подеслива прозирност, кое може да блокира до 95 отсто од сончевата светина. За подобрено ладење задниот дел има оптимизирани аеродинамични елементи. Погонскиот систем од трилитарскиот турбо V6 со електромотор наново е калибриран со што доби вкупно 700 коњски сили. По заслуга на тоа перформансите се задржани како и кај стандардната Artura – забрзувањето е за 3 секунди а максималната брзина 330 километри на час.
Електричната автономија сега е зголемена на 33 километри, а интересно е дека сегашните сопственици на купето ќе можат бесплатно да го ажурираат погонскиот систем на своите автомобили. Меѓу другите подобрувања McLaren ги споменува унапредениот осумстепен менувач кој овозможува за 25 отсто побрзи промени на степените на пренос, новиот систем за сопирање и активното ослонување со подобар одговор на амортизерите. Продажбата на двете верзии на модернизираниот суперавтомобил ќе започне на средината од годинава.