McLaren 750S – Најсилниот меѓу најсилните

Еволуција, не револуција

Со мали, но значајни подобрувања во однос на веќе пензионираниот McLaren720S, промовиран е најсилниот сериски модел на куќата 750Ѕ

Кога станува збор за супер автомобилите скроени по британски терк, McLaren е најистакнат нивен претставник. Со децении оваа компанија еволуира вметнувајќи во секој следен модел подобрена моќност, намалена тежина, дотеран изглед и дополнителни опции за да се издвои од својот претходник чие производство тивко заврши минатата година. За екплозивноста задолжен е  истиот четири литарски V8 со двојно турбо. Сега моторот доби полесни клипови и нов систем за управување на работењето. Резултатот е 750 коњи и 800 Nm вртежен момент. Моторот „врти“ до 8.500 вртежи во минута, а засилувањето од 30 КС и 30 Nm овозможуваат забрзување од мирување до 100 км/ч за 2,8 секунди во двете каросерии. Спринтот од 0-200 км/ч трае 7,2 секунди во моделот со фиксен покрив и 7,3 секунди во варијантата спајдер. Максималната брзина изнесува 332 км/ч и во двете изведби, вредност што е единствено полоша во однос на претходникот 720S. Од видливите промени се забележуваат новите браници, потесните доводи за воздух и дифузорот. McLaren нагласува дека за 750Ѕ се направени повеќе „невидливи“ измени. Суперавтомобилот се одликува со најновата верзија на поврзана-хидраулична суспензија на брендот (PCC III), со нови лесни пружини и амортизери и ревидирана геометрија. Компанијата вели дека ова го прави поагилен од 720S, подобрувајќи го чувството и повратните информации. Внатрешноста не е многу променета. Се наведува новиот централен информативен екран со подобрена графика и надграден систем за камери со заден и 360 степени приказ. 750S се одликува со McLaren Control Launcher (MCL), кој им овозможува на возачите да ги складираат своите омилени поставки за погонската група, менувачот, управувањето и аеродиманимака и да се вратат на оваа конфигурација со притискање на копче. За околу 300.000 евра можете да станете сопственик на купе верзијата, додека за спајдерот ќе треба да се доплатат 15.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER