McLaren – Добива нов сопственик

Мумталакат, суверениот фонд на Бахреин, станува целосен сопственик на британската гордост

Досега државниот инвестициски фонд на Бахреин беше најголемиот акционер на McLaren со приближно 60% од акциите, а од 1-ви јануари британскиот производител на суперспортски автомобили и тркачкиот тим целосно ќе преминат под контрола на државниот инвестициски фонд на Бахреин. Во соопштението конкретно се вели дека акционерите едногласно одобриле целосна докапитализација на групата со што ќе се воведе поедноставена структура на сопственост и рационализиран процес на управување.

Тоа според првиот човек на фондот основан од кралското семејство на малата арапска земја претставува важен чекор во континуираните заложби McLaren да остане еден од водечките светски производители на суперавтомобили. Со ова треба да се обезбеди солидна основа за продолжување на трансформацијата на групата, зголемување на понудата и проширување на глобалното присуство.

Се  очекува на овој начин да се привлечат и нови и квалитетни инвестиции кои ќе овозможат исполнување на сеопфатниот и долгорочен план кој шеиците го имаат замислено. Посебно се истакнуваат можни партнерства во заедничко производство на возила, што би претставувало преломен момент во историјата на McLaren чии последни години беа прилично бурни од финансиска гледна точка.

Компанијата беше принудена не само да го намали бројот на работни места и да продаде значаен удел во своето тркачко одделение туку и да го отуѓи своето познато седиште за 212 милиони евра, кое продолжи да го користи под наем. Потребната стабилност треба да ја обезбеди токму новата организација на структурата на сопственост која треба да се спроведе.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER