За прв пат по 1997-мата
Додека сите други производители претходните години подлегнаа на дигитализацијата и ги модернизираа логоата правејќи ги поедноставни, Mazda остана верна на својот тридимензионален мотив. Можеби и затоа, но повеќе дека се работеше за концепт, никој не реагираше на крајно поедноставеното лого на моделот Arata претставен пролетва на салонот на автомобилите во Пекинг. Сега пак се дознава дека Mazda кај официјалните јапонски институции го заштитила тоа лого, но без навестувања за која конкретна намена. И од производителот молк – дали ќе биде само за електрични модели, дали само за Кина или пак за глобална и посеопфатна употреба, допрва ќе се дознава.