Mazda – Прогнозира закрепнување на глобалната продажба

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Црни бројки, бели мисли

Mazda Motor Corporation ги објави своите финансиски и продажни резултати од вториот квартал на годинава.

И покрај падот на обемот на продажбата, побарувачката остана силна и се очекува враќање на нормалното производство од третиот квартал, а за целата фискална година Mazda предвидува глобална продажба од 1,3 милиони возила, што претставува зголемување од 8% кога во споредба со претходната фискална година. Mazda објави нето продажба од 4,4 милијарди евра и оперативна загуба од 141,3 милиони евра, додека нето приходот изнесува 108,6 милиони евра. Во Европа, продажбата во првиот квартал е намалена за 45% на годишно ниво на 30.000 возила, а обемот на Mazda во Северна Америка е намален за 42% на 79.000 единици. На домашниот пазар на Mazda, Јапонија, продадени се 25.000 единици (-10%). Кина, најголемиот пазар на Mazda во Азија, регистрираше продажба од 24.000 единици (-50%).

Целосно новата Mazda CX-60 плагин хибрид ќе биде претставена на повеќето европски пазари во септември 2022 година. Актуелната состојба со продажбата е фрустрирачка, но Mazda предвидува раст од 22% од претходната фискална година и да инкасира од продажбата 28,5 милијарди евра, оперативен профит од 902,2 милиони евра и нето приход од601,5 милиони евра за оваа фискална година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER