Mazda не се откажува од дизелите

Дизели ќе има додека се бараат

Неволно приклонувајќи се кон струјата, Mazda не се откажува од дизелите

Раководството на Mazda одлучи компанијата да продолжи со нудење возила со дизел мотор сé додека има побарувачка за нив. Гласно не кажаа, но мислат на Европа и Австралија каде учеството на дизелите иако опаѓа сé уште постои. Според ACEA во 2017 година дизел автомобилите сочинуваа 44% од пазарот во Европа, за до 2021-вата оваа бројка да падне на 25%. Трендовите продолжија и моментално процентите се скоро преполовени, но ако другите се откажат од дизелите сите ќе останат за Mazda, нели?!

Тоа е логиката што ја имаат Јапонците заради што не треба да изненадува лансирањето на новиот шестцилиндричен агрегат од 3,3 литри кој се нуди во CX-60 и CX-90 со 200 и 254 коњски сили. Како мислат да ја вклопат „нечистата” технологија во сé построгите еколошки норми, не кажаа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER