Maserati – Project24

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Тризабецот ќе боде на патека!

Под кодот Project24, Maserati ќе претстави суперспортски автомобил ограничен на 62 примероци, кој е наменет да го однесе брендот на ново ниво. Возилото е базирано на Maserati MC20, неговиот V6 Nettuno мотор со нови турбополначи постигнува моќност од 544 kW.

За оваа прилика ревидирано е подвозјето, додадени се карбон-керамички систем за сопирање и пневматици оптимизирани за трки и секвенцијален шест степен менувач, како и специјални безбедносни елементи одобрени од FIA. Тежината ќе биде помала од 1250 килограми, соодносот сила-тежина 1,69 килограми по КС. Дизајнот, создаден од Maserati Centro Stile е извонредно динамичен и само ја потврдува „шифрата“ по која се именува. Тој е скроен за на патека и делува како да е наменет за 24 часовните трки на издржливост. Ниската контура од 1,22 метри и широчината од 202 сантиметри, ги поместува границите ослободени од ограничувањата што вообичаено важат за конструирање на спортски автомобил хомологиран за секојдневна употреба.

Така, ова Maserati станува симбол на ексклузивност. Според тоа, ќе има низа уникатни услуги ексклузивни за сопствениците на ова возило. Повеќе детали од Модена ќе  пристигнат следниот месец кога, како што најавува Maserati, ќе започне продажбата која се очекува да ги „расчисти“ сите 62 примероци многу брзо, но мудро ја премолчува цената.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER