Maserati Indy Coupe » Дел од славната историја на марката

Дел од славната историја на марката

Објавено на 30 септември 2019 година

Годината 1969 беше значајна за Maserati – тогаш беше испорачан првиот примерок на прекрасното купе Indy. Овој гран-турер имаше 4 удобни седишта, што го правеа корисен за семејни патувања. Настана во соработка со Carrozzeria Vignale откако марката забележа рекордна продажба која ги зголеми нивните пазарни амбиции. Иновативниот изглед веднаш го привлече вниманието на богатите клиенти, на кои им се допаѓаа големите застаклени површини и елегантните ненаметливи линии. Спортскиот дух го истакнуваа светлата кои се вовлекуваа, како и V8 моторот со 260 коњски сили со кој постигнуваше 250 километри на час. Купувачите сепак бараа повеќе и Indy подоцна доби посилни мотори, а во богатата стандардна опрема беше вклучен и клима уред. Токму следењето на нивните желби беше формулата за успех, која на Maserati му донесе добра заработувачка од продажбата на овој модел. До 1975 година додека се произведуваше, од него беа направени 1.102 примероци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER