Maserati – GranCabrio

Топлес верзијата на Maserati GranTurismo дебитира со V6, а потоа следи изведбата Folgore со електричен погон

Maserati GranCabrio изгледа посекси во споредба со неговиот донатор GranTurismo поради тоа што е кабрио. Задржан е покривот од ткаенина, кој може лесно да се контролира преку инфозабавниот екран или со едноставни гестови. Покривот се повлекува за 14 секунди, дури и додека крстарите со брзина до 50 км/ч.

Дизајниран за оптимална удобност, мекиот покрив нуди исклучителна топлинска и звучна изолација и е достапен во пет различни бои. За да се разликува од GranTurismo, покрај мекиот покрив, GranCabrio може да се пофали со редизајнирана заден дел кој додава уникатен шмек на неговата естетика. Во внатрешноста задржан е принципот на седење 2+2.

Дигиталниот кокпит се состои од 12,2 инчна инструмент табла, опционален head-up дисплеј, 12,3 инчен екран на допир за инфозабава и 8,8 инчен екран на допир за контролите на климатизација. За да го направи попријатно возењето под отворено небо, Maserati го опреми GranCabrio со стандардно затоплување на вратот за возачот и совозачот, нудејќи три нивоа на интензитет.

Понуден е опционален дефлектор што ги намалува турбуленциите во кабината, иако неговата употреба ги покрива задните седишта. Под хаубата се наоѓа три литарскиот V6 Nettuno мотор со твин-турбо на Maserati, кој испорачува 550 коњи и 650 Nm вртежен момент во неговата најмоќна конфигурација. Спарен е со осумстепен автоматски менувач кој ги движи задните тркала.

Перформансите се малку погодени во споредба со купето поради зголемената тежина од 100 килограми. Спринтот од 0-100 км/ч го совладува за 3,6 секунди и достигнува максимални 316 км/ч. Најверојатно дека „тризабецот“ ќе го понуди GranCabrio „послабата“ верзија на V6 која има 490 КС.

Официјално е потврдено дека ќе има целосно електричен GranCabrio Folgore, кој ќе се приклучи на линијата на Maserati со нулта емисија. Се очекува и кај него поставката да биде со три мотори, како кај GranTurismo Folgore, со комбинирана моќност од 761 КС. Продажбата ќе започне во наредните месеци. Како и со другите кабриолет варијанти на спортски автомобили сигурно GranCabrio ќе биде малку поскап од еквивалентната опрема на GranTurismo.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER