Соочен со постојаните интерни критики дека премногу се ослонува на старата слава, Maserati среде зима започна да се буди од зимскиот сон
Активностите на компанијата засега се воздржани но доволни да го свртат медиумското внимание, а можеби и пазарното бидејќи главна новост е претставувањето на нова верзија на GranCabrio која со своите 490 коњски сили треба да биде основна во понудата.
Се работи за истиот твин-турбо V6 мотор кој со намалувањето на силата не загуби многу од своите перформанси а погонот на сите тркала и осумстепениот автоматски менувач останаа.
За поголема атрактивност задржан е и дел од опременоста како што е воздушното ослонување, а во внатрешноста спортските перфорирани кожени седишта и големите дисплеи на дигиталната табла и инфо-забавниот систем.
Цената на италијанскиот пазар ќе стартува од 170 илјади евра што е за повеќе од солидни 40 илјади помалку од досега најевтината верзија на GranCabrio. Скоро истовремено од компанијата објавија дека ултимативниот GT2 Stradale кој е улична верзија на тркачкиот MC20 е подготвен за предизвиците кои ќе му ги наметнат неговите сопственици. Задвижуван е од споменатиот трилитарски агрегат кој за него развива 640 коњски сили, кои пренесувани само на задните тркала му обезбедуваат недвојбена возбуда во возењето.
Првите испораки се предвидени за април а цената останува мистерија освен за 914-те купувачи колку ќе можат го добијат.


