Маркјоне разрешен од функцијата

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Маркјоне разрешен од функцијата

Објавено на 21 јули 2018 година

На итен состанок, управата на Fiat Chrysler реши Серџо Маркјоне да биде разрешен и на раководното место во компанијата да го замени Мајк Менли, кој досега беше одговорен за Jeep. Причината за оваа изненадна смена се компликациите со здравјето на Маркјоне кој се опоравува после операцијата на рамото минатиот месец. Во соопштението на компанија со жалење се констатира дека неговата здравствена состојба која денес се влоши не му дозволува да се врати на работа. Одлуката е донесена на заеднички состанок на управните одбори на FCA, Ferrari и CNH Industrial, но засега нема официјални изјави околу останатите негови функции што ги имаше во групата и кај нејзините членки. 66-годишниот Маркјоне дојде во Fiat во 2004 година и требаше да ја напушти групата во април идната година, но да остане на чело на Ferrari.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER