Производството на новите модели на Malaguti се одвива во Кина, но сега се подготвени сопствено дизајнирани и конструирани двотркалци. Така сега го имаме Medison 125 кој иако има далекуисточни гени во целост го задржува италијанскиот дух на името што го носи. Истото е применето и кај предизвикувачкиот Drakon 125, кој со својот агресивен карактер го побива позиционирањето во класата патни моторцикли.


