Гаражата во која се случува магија!
Во своето портфолио на реставрирани и преправени класици британскиот Луназ сега се закити со уште една креација. Прекрасниот Jaguar XK120 од 1952 година сега работи на електрична енергија и користи материјали направени од рециклирано ѓубре од океаните во интериерот. Надворешноста е обоена во специјална сина боја, откако помина низ целосна реставрација на каросеријата до „гол метал“ во просториите на Луназ во Силверстоун. Работата беше толку темелна што хромот на браниците, решетката, опкружувањето на прозорците, ретровизорите и жичените тркала сјаат како што сјаеја во 1952 година. Внатре во кабината е местото каде што навистина се случува магијата. Прекрасното оревово дрво на контролната табла и вратите имаат сатенски лак. Слично на модерните концепти на електрични возила, класиката е опремена со нови теписи направени од рекултивирани најлонски рибарски мрежи. Немојте изгледот да ве залажува бидејќи Луназ за „дивата мачка“ интегрира современа технологија преку модерен екран на допир за инфозабава под аналогните копчиња на централната конзола кој се поврзува со Apple CarPlay. Спортскиот автомобил го замени својот оригинален 3,4-литарски XK мотор за модуларниот електричен погон на Lunaz, претворајќи го во возило со нулта емисија. Компанијата не сподели никакви податоци за перформансите ниту расположливиот опсег.
Цените за Jaguar XK120 на Луназ започнуваат од 350.000 фунти (423.838 долари) пред оданочување, а компанијата веќе прима нарачки. Првиот примерок е веќе предаден на неговиот сопственик откако беше претставен на Concours on Savile Row во Лондон. Имајте предвид, Луназ нуди и конверзии на EV за други класични модели како што се Aston Martin DB6 и Bentley S3 Continental Flying Spur.