Lotus претстави нова врвна верзија на Emira која јавноста веднаш ја препозна како најбрз сериски автомобил со четири цилиндри во светот.
Олеснета, аеродинамички унапредена и засилена, нејзиниот дволитарски мотор со 420 коњи ќе ја лансира до 100 километри на час за 3,9 секунди.
Максималната брзина е поставена на 300 километри на час а осумстепениот менувач и подвозјето се прилагодени за подинамично возење. Дополнително е понуден и карбонски пакет кој вклучува делови од каросеријата направени од јагленородни влакна а ентузијастите можат да бираат и рачно осликан ентериер.
Новост е и отстранливиот стаклен панел на покривот кој може да се одложи во возилото. Цените стартуваат од 106 илјади фунти.


