Лошата страна на добрата продажба на SUV моделите

Лошата страна на добрата продажба на SUV моделите

Годинава во САД пазарот на половни возила ќе биде преплавен со 3,9 милиони кросовери и пикапи
Објавено на 4 јули 2018 година

Лудо високите проценти на пораст на продажбата на SUV моделите продолжуваат да владеат со статистиките, на задоволство на производителите. Уште позадоволни се и дилерите, кои годинава ќе имаат полни раце работа – но со продажба на половни возила од оваа класа. Имено, американските статистичари посочија на фактот дека годинава пазарот на половни возила ќе биде преплавен со 3,9 милиони кросовери и пикапи заради истекување на договорите за лизинг што нивните сопственици ги имаат направено пред три години, колку што најчесто е вообичаено во САД. Токму тогаш се случи главниот преломен момент во продажбата на SUV возилата, кога понудата на нови модели нагло се зголеми а со тоа и интересот за нивно купување. Така, годината 2015-та резултираше со рекордни бројки, кои сега како цунами ќе предизвикаат намалување на цените на половните возила. Конкретно се споменува дека најпопуларните компактни кросовери стари три години ќе се продаваат за 10 до 15 илјади долари поевтино отколку кога биле нови. Се очекува овој тренд да потрае и во наредните две години.

Како и да е, SUV возилата, нови или половни, ќе останат во жижата на интересот на купувачите. Во моментот SUV и пикап возилата во САД се продаваат во двојно поголеми количини отколку патничките автомобили. Статистиката од годинешната продажба покажува дека само 53% од возачите повторно се одлучиле за патнички автомобил – останатите 47% го замениле со кросовер. Просечната цена на ново возило во САД набавено на лизинг изнесува 31.445 долари, а просечната месечна рата 523 долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER