Lordstown – Endurance

Поглед во иднината

Амбициозен работник

Со можностите кои ги нуди електрификацијата, американската пикап сцена ќе доживее целосна трансформација!

објавено 28. април 2021

Покрај веќе етаблираните играчи се појавија и многу други сосема нови и непознати, чии идеи најавуваат остра битка за превласт. Еден од поамбициозните е компанијата Lordstown, која купи една поранешна фабрика на General Motors за производство на својот модел наречен Endurance. Во неговиот развој се применети неколку напредни инженерски решенија, како што е скејтборд платформата со електромотори вградени во тркалата. Ги има вкупно четири кои испорачуваат 600 коњски сили, доволни за забрзување до 96 километри на час за 5,5 секунди или влечење приколка од три ипол тони. Батериите од 109 киловат-часа обезбедуваат автономија од околу 400 километри, а максималната брзина му е ограничена на 128 километри на час. Одредена му е и цената која ќе изнесува 52.500 долари, заради што од компанијата се надеваат на продажба од најмалку 20.000 примероци годишно.