In Memoriam: Љупчо Михајловски (1963-2018)

Вести

In Memoriam: Љупчо Михајловски (1963-2018)

Објавено на 1 септември 2018 година

Нашиот пријател и колега Љупчо Михајловски предвреме го остави новинарското перо и не стигна да ги напише своите последни редови. Како сеќавање на него, ние ќе го сториме тоа. Животот го помина постојано опкружен со голем број пријатели и познаници насекаде низ светот, оставајќи зад себе плодна кариера. Редакциите се менуваа, медиумите исто така, но главна негова преокупација секогаш беа автомобилите, високите октани и светот на брзините. Така и нé напушти – набрзина… Почивај во мир, пријателе!