Livewire S2 Del Mar – Првите моторцикли стигаат есенва

100 примероци за европски старт

Откако стана независна под-бренд на Harley-Davidson, Livewire го реализира новиот модел S2 Del Mar. Дел од плановите на американците се да настапат во Европа како погодно тло за нивните производи.

Електричниот мотоцикл првично ќе биде достапен во Launch Edition ограничен на 100 единици со ексклузивно за оваа прилика финиширана боја и посебен дизајн на тркалата. Според американските спецификации, Livewire S2 Del Mar тежи 195 килограми, забрзува од 0 до 96 km/h за 3,1 секунда и се вели дека има опсег од речиси 180 километри во градски сообраќај.

Вртежниот момент е нешто под 250 Nm, а моќноста е околу 60 kW. Испораката на Launch Edition е закажана за септември на само четири европски пазари по цена околу 20.000 евра. Купувачите од Германија, Холандија, Франција и Велика Британија се во фокусот на Livewire.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER