Ligier Myli Diesel – Вон сите очекувања

 

Водечкиот европски производител на микроавтомобили повлече потег што никој не го очекуваше – својот најнов модел го понуди и со дизел мотор.

Возилцето наречено Myli беше лансирано како чисто електрично и со него беше најавен почетокот на преобразбата на палетата во согласност со новите времиња. Благодарејќи на симпатичниот дизајн и широкиот избор беше добро примено на пазарот и ќе успееше да ја оствари целта да стигне до 20.000 купувачи годишно.

Но сега Ligier одлучи да се врати чекор назад, всушност два бидејќи иако има и бензински агрегати на располагање, за Myli избра дизел. Моторот по потекло од италијанскиот Lombardini има 8 коњски сили и троши само 3,1 литар на сто километри. Од законски причини бидејќи може да се вози без возачка дозвола од Б категорија максималната брзината му е ограничена на 45 километри на час.

Цената стартува од 11.500 евра што е за 1.500 помалку од електричните верзии, кои пак се на располагање со три пакети батерии со автономија од 63 до 192 километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER