Lightyear – Соларен крстосувач

Не прави сенка, го полнам автомобилот!

Холандската компанија Lightyear доби одобрение за движење на официјални патишта за соларниот автомобил One. Според производителот, првите 150 примероци од „Pioneer Edition“ се веќе продадени. Производството е планирано да започне во Valmet во Финска кон крајот на летото. Заинтересираните сега можат да го резервираат Limited Edition, на чија технологија се базира Lightyear Two, кој треба да се појави во продажба најдоцна за три години. Холандскиот лидер на пазарот за споделување автомобили My Wheels сака да го понуди Lightyear One од 2023 година. Во наредните, 2024 и 2025, за истата цел сака да преземе околу 5000 возила од најавениот Lightyear Two. Актуелниот прототип има домет до 710 километри со темпо на возење со 85 km/h и над 400 километри при движење на автопат со 130 km/h. Благодарение на соларните ќелии на покривот и коефициентот на отпор од 0,2 капацитетот на батеријата од 60 киловат часови е доволен да се исполнат ветените вредности. Максималната брзина на Lightyear One е 160 km/h. Каросеријата со четири врати е растегната на 5,1 метри, најверојатно поради постигнување на оптимална површина за фотоволтаици кои се распоредени на покривот и хаубата. Волуменот на багажникот е околу 600 литри и може да се зголеми на околу 1530 литри со склопени задни седишта.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER