После глобалната одржана во Кина, новиот Lexus ES ја имаше и својата европска премиера.
Донесувајќи нова дефиниција на луксуз и стил, јапонската премиум лимузина ќе се бори со германската конкуренција на нови фронтови. Карактеристика ѝ e што во оваа своја осма генерација но втора која е достапна во Европа се нуди и со електропогон. Развиена е со силен акцент на техничката совршеност
како впрочем и сите други модели на марката која својата репутација ја изгради токму со тоа. Очекувајќи дека со својот пристап ќе одговара на приоритетите на денешните купувачи, дизајнерите ѝ подарија модерни линии складно вклопени во префинет и елегантен изглед со чиста естетика. Нискиот нос со предни светла со двоен L-потпис и хоризонтално развлечените отвори воздух во браникот делуваат модерно, а купеовски спуштениот заден дел од покривот обезбедува визуелна динамика.
Усовршената внатрешност нуди дополнителна функционалност и релаксирана удобност во патувањата за што сериозна заслуга имаат и значително поголемите димензии. Посебно задоволство ќе предизвикаат таканаречените скриени прекинувачи кои се осветлуваат и стануваат видливи кога возилото ќе се стартува.
Изборот на погонски склопови е сведен на два хибридни и два електрични, со погон на предните или на сите четири тркала. Основа на хибридите е 2,5 литарски бензинец со вкупно 201 односно 247 коњски сили, чии подетални спецификации не се познати. Електричните верзии располагаат со 224 или 343 коњски сили и батерии кои ќе обезбедат автономија и до 530 километри.
За побрзо полнење се грижи посебна функција за предгреење со која нивната температурата се доведува на оптимално ниво пред почетокот на процесот. Системот за навигација го следи нивото на наполнетост и според него автоматски ги ажурира достапните станици за полнење на избраната рута. Како ова функционира во реалноста ќе се дознае почнувајќи од идната пролет за кога се планирани првите испораки. Цените не се познати.


