Lexus ги објави американските цени на новата генерација на седанот ES
Големо изненадување е тоа што електричната верзија е поевтина од хибридната – разликата изнесува две илјади и двесте долари. За стартна цена малку под педесет илјади долари купувачите добиваат скромни 220 коњски сили и 485 километри автономија.
За оние кои сакаат повеќе се нуди верзијата со два електромотора и погон на сите тркала која располага со 338 коњи. Хибридот пак чија основа е 2,5 литарски мотор развива комбинирани 243 коњски сили.
Радикално различен и подолг од сегашната генерација, новиот Lexus ES веќе нема да се произведува во Америка туку ќе доаѓа од Јапонија. Цените за Европа сé уште не се обелоденети.


