„Летни“ патарини во Хрватска
Патарините во Хрватска за време на летните месеци дополнително поскапуваат
Објавено на 18 јуни 2018 година
Кој ќе оди во Хрватска на одмор, ќе се „израдува” – и онака високите патарини дополнително поскапеа. Исто како и лани, и годинава во Хрватска започна да се применува летната тарифа на наплата на патарините, која предводува за 10% повисока стапка. Може да ја наречеме и туристичка, иако тоа не е бидејќи важи за сите – и за домашните и за странците, и за туристите и за оние кои тоа не се. Реално објаснување зошто на лето (од 15 јуни до 15 септември) во Хрватска се плаќа повеќе нема, но што е тоа е. А тоа и не е така малку – од Загреб до Риека на пример се плаќа 77, а до Сплит 200 куни (1 EUR = 7,4 HRK). Според податоците, на овие три месеци отпаѓаат 40% од вкупниот сообраќај на автопатиштата низ Хрватска. Патарините за тешките возила остануваат исти.