Благ хибрид и нови дигитални решенија
После четири години на пазарот, Land Rover го обнови Discovery Sport
Објавено на 30 мај 2019 година
Но неговата најважна иновација не е видлива однадвор. Тој е поставен на PTA платформата, која овозможува хибридни погонски групи. Освен тоа треба да биде и за 13 отсто потврда од претходната и со тоа да придонесе за намалување на бучавата и вибрациите, но и за подобра заштита на патниците во случај на несреќа. А тие пак прво што ќе забележат се новите предни и задни светла со ЛЕД потпис и благо модифицираните панели на двата краја на возилото. Во внатрешноста на овој теренец на Land Rover посебно се истакнува освежувањето со нови технологии, како што се двата екрана чувствителни на допир. Тука е и дигиталниот ретровизор кој со притисок на копче ги прикажува двете камери поставени на задната страна на возилото. Покрај тоа Discovery Sport има и проѕирен поклопец на моторот, всушност слика од камерите со поглед од 180 степени на предните тркала како газат на подлогата по која се вози. Овој теренец на британската марка е достапен со седум седишта, кои благодарејќи на лизгачкиот систем овозможуваат 24 можни комбинации на внатрешноста. Паметните телефони сега можат да се полнат индуктивно, а 4G хот-спотовите и УСБ-приклучоците се грижат сите патници да бидат он-лајн за време на возењето.
Новиот Land Rover Discovery Sport на пазарот ќе излезе со дволитарски четирицилиндрични мотори, од кои четири се дизел а два бензински. Располагаат со моќност меѓу 150 и 250 коњски сили и сите освен најслабиот се опремени со погон на сите тркала, автоматски 9-степен менувач и благ хибриден систем од 48-волти со стартер-генератор. Како провокација, до крајот на годинава треба да се појави и плаг-ин хибридна изведба со трицилиндричен бензински мотор.