Land Rover Defender – WWCOTY

Вести

Жените сакаат груби мажи!

Ова се докажа со прогласувањето на годинешниот Светски женски автомобил

објавено 09. март 2021

Горостасниот Land Rover Defender освои уште една награда, овој пат од жирито составено исклучиво од жени. Во изборот Светски женски автомобил на годината учествуваат 44 специјализирани колешки од целиот свет кои веќе ги избраа победниците по категории, од кои пак се избра севкупниот победник. Од деветте класификации најмногу поени освои британскиот теренец чиј маркантен дизајн, опременост и сегде проодност најмногу ги задоволи критериумите на женското жири.