Land Rover – Defender V8

Вести

Наоружан со тешка артилерија

Фронтален напад на Mercedes G-Class AMG

објавено 27. февруари 2021

Новиот Defender V8 е крајниот израз на Land Rover и потсетува на богатото наследство на осум цилиндaрски мотори од 1970-тите. Потентниот обновен V8 мотор со надполнење е достапен во двете каросериски изведби, 90 и 110. Енергијата доаѓа од пет литарскиот V8 бензинец со надполнење на Land Rover, кој произведува 525 КС и 625Nm вртежен момент кои се пренесуваат преку осумстепен автоматски менувач. Defender V8 90 забрзува од 0-100 км на час за 5,2 секунди и достига максимални 240 км/ч со потрошувачка на гориво до 14,5 л/100км. Со посветено подесување на суспензијата и менувачот, вклучувајќи ги контролата на амортизерите и нов електронски активен заден диференцијал, обезбедено е поагилно и привлечно ракување придружено со карактеристичен V8 звук. Исклучителната можност на терен е белег на Defender и таа е задржана со воведување на нов динамички режим. Тоа им помага на возачите да го искористат подинамичниот карактер и балансот на ракување со најсилниот модел на асфалт и терен. На домашниот пазар, во Обиденетото Кралевство, Defender V8 90 ќе се продава од 98.500 фунти додека за каросеријата со ознака 110 ќе се продава за 3.500 фунти повеќе.