Land Rover Defender – Станува луксузен

Во очекување на најмоќната верзија опремена со BMW V8 турбо мотор која ќе се појави наскоро, Land Rover го ажурираше Defender.

Не може да се каже дека станува збор за редизајн бидејќи изгледот остана ист – измените се насочени исклучиво кон внатрешноста и на унапредување на моторите.

Пред сé на најмоќниот дизел, кој благо хибридно засилен сега развива 350 коњи на што посебно ќе се радуваат оние кои влечат приколка со популарниот теренец. Тоа е во корелација со измените во опременоста со кои Defender нуди повисоко ниво на луксуз.

Опфатени се сите три каросериски верзии со различна должина, кои и понатаму традиционално се одбележани со бројките 90, 110 и 130. Најзначајно кај последно наведената е пакетот Signature кој носи две одвоени седишта во средниот ред со нови функции на подесување, греење, ладење и меморирање на нивната позиција.

Премиум материјалите вклучуваат кожа и волна, а достапни се украси од благородно дрво. Од Land Rover не ги објавија цените за обновениот Defender, чии први испораки ќе започнат есенва.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER