Land Rover – најмалите на штекер

Discovery Sport & Evoque

Тандем засилен со батерии

објавено 04 декември 2020

Land Rover ја продолжува својата plug-in-хибридна стратегија во моделската 2021 година. Како засилување на Discovery пристига Discovery Sport додека кај Range Rover гамата ја потполни Evoque. Вкупно шесте електрифицирани изведби сега ја носат ознаката PHEV. Идентичниот концепт на погонот стои зад двата модели. Варијантите P300e на британското дуо комбинираат мотор со 200 коњи од 1,5 литарски три-цилиндричен турбо-бензинец со осумстепен автоматски менувач впарен со електричен мотор од 109 коњи како погон на задната оска.

Заедничката работа резултира со вкупна моќност од 309 коњи! Двете плаг-ин варијанти треба да овозможат чисто електричен опсег до 61 километар, емисиите на CO2 имаат вкупна вредност од 43 g/km. Електричниот погон ја добива својата енергија од литиум-јонска батерија со капацитет од 15 kWh поставена под задните седишта. Пакетот мотор со внатрешно согорување и електромотор им дава на британските компактни теренци брзо забрзување. Додека Evoque спринта од 0 до 100 км на час за 6,4 секунди, на Discovery Sport му треба само малку повеќе време во истата дисциплина со 6,6 секунди. Ако дуото патува чисто на електричен погон, можна е максимална брзина од 135 км/ч. Со кабел за полнење режим 2, Evoque P300e и Discovery Sport P300e може да се полнат целосно за 6 часа 42 минути во нормален штекер за домаќинство. Побрзо е со кабелот за полнење Mode 3, кој одговара на ѕидни кутии од 7 kW со станици за полнење наизменична струја или јавна наизменична струја. На овој начин, празните ќелии на батеријата се полнат до 80 проценти за само еден час и 24 минути. Јавните станици за брзо полнење со директна струја нудат уште побрзи опции. Со 32 kW, 80 проценти од енергијата е повторно во претходно празна батерија за нешто помалку од 30 минути. Во ЕУ постојат бонуси за plug-in хибриди кои се во висина од 5625 евра за возила со нето-цена до 65.000 евра. Ова оваа категорија спаѓаат Land Rover Discovery Sport P300e и Range Rover Evoque P300е со што нивната цена би започнувала околу 50.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER