Lancia Ypsilon HF – Релито во фокус

Како што вети, Lancia со малиот Ypsilon се враќа во светот на рели натпреварите. Адутот со кој ќе се предизвикаат конкурентите веќе е подготвен и ја носи традиционалната ознака HF.

Наменет е за младите возачи кои допрва треба да се докажуваат и има 1,2 литарски трицилиндричен турбо мотор со 212 коњски сили, петстепен менувач  и механички диференцијал со ограничено пролизгување. Ќе настапува во Rally 4 категоријата а ќе биде организиран и посебен Trofeo Lancia куп за кој ќе се возат шест трки.

Шампионот ќе има можност да настапува за официјалниот тим на Lancia на европското рели првенство 2026-та година. Цената на автомобилот е поставена на 74.500 евра. За оние пак кои сакаат само да го почувствуваат адреналинот подготвена е друмска верзија. Таа има електричен погон со 280 коњи кои обезбедуваат огнено забрзување до сто на час за 5,8 секунди.

Дизајнот е инспириран од најрадикалните рели модели од минатото на марката, а за подобри перформанси ослонувањето е спуштено и трагите на тркалата се проширени. За фино подесуавање на обата модела беше ангажиран легендарниот рели возач Мики Биасион.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER