Lamborghini Urus Performante – Во служба на Polizia Stradale

Во ова време на искрени желби за среќа и пред сé здравје, Lamborghini ја одбележа 20-годишнината од почетокот  на својата соработка со италијанската полиција

За овој период компанијата од Сант’Агата Болоњезе има испорачано шест возила опремени за итни случаи, пред сé за транспорт на органи за донирање.

Полицијата објави дека со возилата на Lamborghini досега се обавени повеќе од двесте мисии и спасени многу животи. Освен тоа имаат учествувано и на преку 1.500 настани со цел промовирање на безбедноста на патиштата и културата во возењето.

Првите два автомобила со кои полицијата ги извршуваше деликатните задачи беа од моделот Gallardo, еден дониран од Lamborghini а другиот од независна организација. И двата беа уништени за време на своја служба на нацијата.

Најновиот е Urus Performante кој е опремен со уреди за следење на  сообраќајот, систем за препознавање на регистарските таблички, дефибрилатор и друго.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER