Lamborghini го заменува V10 моторот со хибридна ѕверка (видео)

Премногу е рано за целосно електричен Lamborghini, заради што наследникот на Huracan ќе има хибридно срце

Lamborghini започна да открива детали за проектот LB634 од кој ќе произлезе наследникот на Huracan, со кој, кога ќе престане да се произведува, ќе биде пензиониран и неговиот V10 агрегат.  Замената како велат ќе биде потполно нова машина базиран на моторот од болидот SC63 создаден за трките на издржливоста од Леман серијата. Тој во новиот модел кој непотврдено ќе се вика Temerario ќе има четири литри работна зафатнина од кои со помош на два турбо компресора и три електромотори преку нов осумстепен менувач со две спојки ќе испорачува 800 коњски сили – и тоа меѓу 9..000 и 9.750 вртежи во минута, додека максималните 730 Nm ќе бидат достапни од 4.000 до 7.000 вртежи.

Иако не се конкретни, од Lamborghini ветуваат врвни перформанси но и посебен звук. Според инженерите клучен елемент во развојниот процес на новиот автомобил е да му се обезбеди единствен карактер кој на возачот ќе му пружи незаборавно задоволство.

Новиот модел на Lamborghini треба да го очекуваме овој август.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER