Lamborghini го ограничува производството
Осум илјади примероци е магичната бројка која Италијанците сметаат дека не треба да се надмине
Објавено на 28 јануари 2019 година
Автор: Валентин Станеску
После рекордната ланска продажба од 5.750 возила, во Lamborghini започнаа да размислуваат за ограничување на производството. Според шефот на компанијата Стефано Доменикали 8.000 возила годишно е лимитот што не треба да се надмине за да се зачува ексклузивноста. Профитот нема да страда бидејќи половината од нив ќе бидат Urus. Тоа всушност значи дека ќе расте само неговото производство, бидејќи лани марката произведе точно четири илјади примероци од Huracan и Aventador заедно. Математиката малку ја мати најавениот четврти модел, за кој сé уште нема детали.
Според прогнозите, годинава се очекува продажбата на Lamborghini да достигне 7.000 примероци, повторно благодарение на спортскиот кросовер.