Lamborghini Fenomeno – 3 милиони евра за комплетно уживање

Брз како ѓавол, поскап од суво злато

Малку предвреме отколку што требаше, се појавија првите информации за новиот плаг-ин хибриден Lamborghini. Наречен е Fenomeno, со право – базиран е на Revuelto но во многу нешта го надминува. Овој високо ексклузивен суперавтомобил дополнително ги подобрува перформансите на неговиот V12 систем кој спарува 6,5 литарски агрегат и три електромотора. Нивните вкупно 1.080 коњски сили (за 65 повеќе од донаторот) ќе го дотераат до 100 km/h за 2,4 секунди додека најголемата брзина остана 350 km/h. Благодарејќи на поголемите батерии од 7 kWh ќе биде способен да помине 20 km во електричен режим.

Fenomeno има монокок шасија и екстериер целосно направен од јагленородни влакна. Сопирачките се карбон-керамички а новиот дизајн има аеродинамична улога. За да се оптимизира ладењето на компонентите напред се наоѓа систем кој го насочува протокот на воздухот кон средината на автомобилот, а вратите пак кон задните бочни панели.

Lamborghini ќе направи 29 примероци од Fenomeno, по цена од 3 милиони евра.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER