Lamborghini Fenomeno Roadster – Феноменални 15 примероци

За својот роденден Lamborghini се почести со новиот Fenomeno Roadster.

Како и затворената верзија базиран е на плаг-ин хибридниот Revuelto и дел е од високоексклузивната колекција автомобили во ограничени изданија – планирани се само 15 примероци.

Го задвижува 6,5 литарски V12 кој заедно со трите електромотори испалува 1.080 коњи кои ќе го лансираат до сто на час за 2,4 секунди и максимални 340 километри на час.

Батеријата му е поголема во однос на донаторот и овозможува поминување 20 електрични километри. Сé на него е изработено со максимум внимание какво што доликува на цената од 5 милиони евра.

Се разбира, целокупното производство однапред е распродадено.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER