Lamborghini – Eлектрификација

Поглед во иднината

Паѓаат и последните барикади!

Бесниот бик познат по својот темперамент ќе стане тивок

објавено 27. мај 2021

Lamborghini потврди дека ќе дозволи електрични коњи да му ја сочинуваат ергелата. Веста ја соопшти првиот човек на компанијата Штефан Винкелман кој ја презентираше деловната стратегија за блиска иднина. Според неа првиот хибрид најверојатно Urus, ќе биде претставен во 2023-тата. До наредната година ќе биде електрифицирана целата гама, а потоа ќе стигне и целосно електричен модел. Целата постапка ќе биде изведена со помош на енергијата од Volkswagen, иако освен знаење засега не е јасно што Италијанците би можеле да преземат од матичната компанија.

Очигледно не многу, бидејќи за овој пресврт во технологиите Lamborghini во наредните четири години во развој на нови погони ќе вложи 1,5 милијарди евра. Како резултат на тоа, просечната емисија на јагленород диоксид на гамата ќе биде преполовена. На жалост на октанските зависници, сите верзии на атмосферските V10 и V12 машини безусловно ќе бидат пензионирани и заменети со унапредени хибридни погонски единици. Што се однесува до електричниот модел, се претпоставува дека тоа ќе биде спортска лимузина базирана на Porsche Taycan, која Винкелман без да открива детали ја најави како четврти модел во гамата.