Lamborghini Countach LP 500

Занимливости

Реконструкција со повод

25.000 работни часа се потрошени за изработка на „оригинална реплика“

објавено 05. октомври 2021

Иако се покажува по повод 50-годишнината од појавувањето на Countach, приказната за овој автомобил што по нарачка го подготви Lamborghini започнува во 2017-тата. Тогаш еден пасиониран обожавател на марката и колекционер на класични автомобили им се обраќа на челниците на италијанската фирма со необично барање – да му направат реплика на првиот прототип на Countach. Со ознака LP 500 тој премиерно беше покажан на салонот во Женева, но три години подоцна непосредно пред пазарното лансирање на серискиот модел беше уништен во краш-тест. Предизвикот беше прифатен и после 25.000 работни часа настана оваа реплика на оригиналниот прототип. Изработката започна со детално проучување на целосната документација, фотографиите, извештаите од состаноците и техничките цртежи, а направени се и консултации со некои од луѓето кои учествувале во неговиот развој. За задржување на автентичноста користени се технологии кои биле актуелни во тоа време, а од Pirelli е побарано да подготви и пневматици каков имал оригиналот.