Континуираниот раст на разулавениот бик достигна нови височини
Минатата година беше предизвикувачка за автомоблската индустрија, но оние што произведуваат супер-спортски и луксузни автомобили бележат константенраст. Таков е примерот на Lamborghini. Компанијата од Сант Агата ди Болоњезе успеа да испорача 10.687 автомобили во текот на 2024 година што претставува раст од 6 отсто споредено со 2023-та. Во систематизацијата на продажба Lamborghini своите пазари ги има групирано во три зони и во секоја забележа одличен раст. Во ЕМЕА (Европа, Блиски исток и Африка) пласирани се 4.227 автомобили или 6% повеќе.
Во двете Америки растот изнесува 7%, регион каде лани се продадени 3.712 примероци. АРАС (Азија, Пацифички регион и Австралија) има најмала продажба, само 2.748 возила, но и тоа е зголемување од 3% во однос на лани. Раководството на компанијата истакнува дека три модели играле голема улога во континуираниот пораст на продажбата. Тоа е Revuelto, првиот приклучен хибрид со V12 мотор кој ќе започне да се испорачува наскоро. Листата на чекање за овој модел е до октомври 2026. Централна фигура на позитивниот скор е Huracán чија кариера завршува годинава. Него ќе го замени Temerario, а до тогаш Huracán ќе се испорачува во неговите пет верзии. Urus е столбот на продажбата и еден од најдобро продаваните супер спортски спортско-корисни возила. Тековнава година Lamborghini ја започнува со најголемата гама модели во својата историја, а во идните години компанијата ќе продолжи да инвестира во технологии