Издржа многу, настрана малтретирањата од возачите – од распаѓањето на матичната држава до сегашните западни санкции и нема намера да се откаже
AvtoVAZ започна со производство на обновената Lada Niva која сега го носи суфиксот Legend. Со целосно право бидејќи е еден од најдолговечните автомобили во историјата. Основната форма остана скоро иста како што и беше далечната 1977-ма година кога сe појави. Новостите се под лимот, најмногу во погонскиот агрегат кој сега е од 1,8 литри. Развива 90 коњски сили и има максимални 153 њутн-метри вртежен момент, што претставува скромен но значаен напредок во однос на досегашниот 1,7 литарки мотор со 83 KS 129 Nm. Русите велат дека новиот мотор многу подобро работи на ниски вртежи, дури и на 1.000 во минута, што е посебно битно при бавно совладување на тешките теренски препреки кои не се непознати за Lada Niva.
Каросеријата доби поздрава заштита од корозија, а покрај новиот мотор инженерите на AvtoVAZ го имаат изменето и распоредот на компонентите под хаубата, ја имаат подобрена звучната изолација и извршено измени на менувачот и оските. Тоа значи дека предното ослонување има решенија од Niva Travel а диск сопирачките напред се самовентилирачки. Опфатена е и внатрешноста – кабина доби поинаква положба на рачката од менувачот, а опремата сега вклучува и воздушна перница за возачот, посебно калибрирана да не дојде до несакано активирање при тешко теренско возење.
Продажбата на унапредената Niva Legend треба да започне за кратко време, по цени кои не се познати. Сегашниот модел чини околу 11.500 евра.



