Kymco CV3 550i – Три тркала и два цилиндри

Корејците прават своевидна револуција во сегментот на „бизнис“ скутери

Скутерите со три тркала особено се популарни кај луѓето што сакаат да ги употребуваат своите двотркалци во градски услови и на време да стигнуваат на своите закажани состаноци.

Со таа умисла Kymco го лансираше првиот скутер на три тркала со два цилиндри. Опремен е со моќниот двигател од 51 КС. CV3 550i. Но, тоа не е најважно. CV3 550i  е опремен, меѓу другото, со LED дисплеј, темпомат, навигација и поврзување со паметни телефони, има загревани ракофати, прилагодливо ветробранско стакло и контрола на тракцијата, како и систем за стартување без клуч.

Моторот од 550 кубика развива максимален вртежен момент од 52 њутн метри и овозможува максимална брзина од речиси 160 км/ч. Има три режими на возење, Во режимот „дожд“, моќноста се намалува на 34 КС, а максималната брзина на 140 км/ч. Погодноста да не ја спуштате ногата на асфалтот ја овозможува механизмот за навалување кој може да се заклучи со помош на прекинувач на ракофатот за да може стапала да останат горе.

Kymco CV3 550i ќе се појави на европскиот пазар во почетокот на 2024 година, а цените ќе бидат познати во ноември.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER