Сопствениците на електрични возила имаат нова мака – полначите остануваат без кабли
Во Германија е забележано зголемување на кражбите на кабли од полначите за електричните возила – само енергетската компанија EnBW оваа година регистрираше повеќе од 900 кражби на околу 130 локации. Штетата се проценува на милиони, а мотивот на крадците не е познат. Некои милат дека се работи за вандализам, други за намерна саботажа од нејасни причини, а трети пак заради бакарот кој во еден кабел од брз полнач го има меѓу 4 и 10 килограми кој како отпадна суровина за рециклирање се откупува по 8 евра за килограм. Полицијата нема прецизна статистика за овој вид кражби а опeрaторите на станиците за полнење започнаа да се снаоѓаат на разни начини – видео надзор, инсталирање кабли со дополнителен посебен слој отпорен на сечење или пак алармни системи.