Јапонија е голем извозник на автомобили во светот, но не ни можете да претпоставите кој е најголем увозник на возила во земјата!?
Верувале или не, во моментов тоа не се Mercedes или BMW кои се на второто и третото место туку домашниот Suzuki, исклучиво благодарение на огромниот интерес за петвратната варијанта на Jimny која се произведува во Индија.
Од таму се увезува и субкомпактниот кросовер Fronx за кој марката смета дека ќе биде исклучително важен глобален модел и планира да го продава во седумдесетина земји ширум светот.
Според податоците, во април Suzuki во Јапонија има увезено 3.990 возила, Mercedes 3.202 а BMW 2.575. Вкупно за првите четири месеци во земјата се увезени 35.269 возила од јапонските марки.
Покрај Suzuki голем увозник од домашните марки е и Honda најмногу заради популарноста на кросоверот WR-V, кој исто така се произведува во Индија каде се продава под ознаката Elevate.


