„Ќе воведеме 20 отсто царина на европските автомобили“
Објавено на 22 јуни 2018 година
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царина од 20 отсто на увозот на автомобили од Европската Унија во Соединетите Држави откако во Европа стапија на сила царините на повеќе десетици американски производи. „Ако наскоро не бидат укинати царините кои се на сила за Соединетите Држави, нејзините претпријатија и работници, ќе одредиме давачки од 20 отсто на сите автомобили што ќе бидат увезени во Соединетите Држави“, напиша на твитер американскиот претседател, додавајќи: „Произведете ги тука“. Трамп повеќе пати ја споменуваше можноста за воведување давачки со цел заштита на американската автомобилска индустрија. Јасно, тие пред сé се однесуваат на Германија. Трамп редовно истакнува дека жали што гледа премногу мерцедеси на улиците на Њујорк и недоволно американски автомобили на европските улици.
Новите давачки што ги одреди Брисел се одговор на Европјаните на царината од 25 отсто на челикот и 10 отсто на алуминиумот што Соединетите Држави ги воведоа за повеќето земји од светот, меѓу кои се и нивните сојузници.