Во Кина секој ден по четири новитети

Повеќе од статистика

Кинеската автомобилска индустрија веројатно ќе ја доживее најлошата година после 2021-вата. Пазарот опаѓа, правилата за игра заоструваат а државните субвенции се кратат. Но залетот не запира – верувале или не, за првите шест месеци од 2026-тата на кинескиот пазар се претставени приближно 650 нови или обновени модели. Иако неверојатната бројка не се однесува само на новите или редизајнираните модели туку се вклучени и сите помали или поголеми измени – нови пакети опрема, мали доработки, посебни серии и друго, темпото од скоро четири новитети секој ден остатокот од светот тешко може да го сфати, уште потешко да го следи. Но дури и да се издвојат таквите чисто маркетиншки измени, Кинезите сепак во просек одржуваат по една премиера дневно. Затоа и еден ден кој иако сега изгледа далеку сепак е доста поблиску, тие ќе владеат со светскиот автомобилски пазар.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER