Очекувани стилски промени и збогатена опрема
Почетокот на есента ќе означи старт на продажбата на обновената кросоверска верзија на популарниот Ceed. Тој се наоѓа на половина од својот животен век па ги доби неопходните освежувања. Компактниот кросовер е за 44 мм повисок и за 85 мм подолг од донаторот.

Позициониран помеѓу Stonic i Sportage, XCeed доби повеќе спортски изглед и потполно нови задни светлосни групи со хексагонални елементи резервирани за новото ниво на опременост кај оваа изведба GT-Line. Помеѓу стандардните новости се наоѓаат новите фарови, изменетите браници како и пластичните штитници а страниците. На листата се додаваат зелената боја и двобојните 18 инчни тркала.

Ентериерот не претрпе големи промени сем што во споментиот пакет се добиваат спортски седишта, волан, темен тапацир на покривот и поголем инструмент табла со 12,3 инчен екран во полна резолуција со висока дефиниција. Понудата на мотори не е изменета и сочинета е од почетната варијанта со три цилиндерски агрегат со 118 КС, продолжува преку 1,5 литрениот 150 коњи силен двигател, а врв на понудата е 201 коњи силниот 1,6 литрен бензинец што служи во Ceed GT и ProCeed GT.

За него е резервиран седум степениот DCT менувач со кого спринта до стотка за 7,5 секунди. Не се заборавени ниту поклониците на дизелот за кои е резервиран познатиот 1.6 двигател со 134 коњи потпомогнат од благ хибрид од 48V, со мануеле или автоматски менувач. Најсилниот XCeed останува да биде плагин хибридот чиј погон го комбинира 1,6 литрениот бензинец и електромотор од 44.5kW, а батеријата од 8,9 kWh овозможува да се поминат до 60 километри на струја. На европскиот пазар XCeed стартува во септември. Во Македонија, според увозникот КИА Моторс Македонија, треба да пристигне во последниот квартал годинава.



